| Note: | АПСТРАКТ: Оваа магистерска работа го обработува интимизмот во лириката на македонската и словенечката книжевност како книжевна насока, односно појава од две перспективи: историската, преку која се проучува како програмска ориентација, и компаративната, која носи подетална анализа на поетиките на двајца негови претставници, Ацо Шопов и Иван Минати. Работата содржи и транскрипции од нивната кореспонденција и извештај од архивското истражување, што сведочи за богатите врски меѓу македонската и словенечката книжевност во периодот меѓу 1945 и 1965 година. Целта на магистерската работа е исто така да ги осветли меѓусебните влијанија на македонската и словенечката книжевност во повоениот период. / КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: интимизам, македонска поезија, словенечка поезија, Ацо Шопов, Иван Минати, повоена книжевност |
|---|