| Opomba: | наслов:Почеток и крај на телефонски разговори на македонски јазик: Конверзациска
анализа на прислушкувани телефонски разговори / Апстракт: Магистерскиот труд е резултат на емпириско истражување на почетокот и крајот на телефонски разговори на македонски јазик, користејќи ја методологијата на конверзациската анализа. Во фокусот на истражувањето се наоѓаат спонтаниот дискурс и
разговорниот македонски јазик, теми кои се недоволно застапени во современата македонистика. Предмет на истражувањето се 117 анонимизирани и детално транскрибирани снимки, оригинално објавени во 2015 година како дел од огромен број прислушкувани телефонски разговори, т.н. „Бомби“. Трудот истражува како говорниците ги организираат почетокот на разговорот (секвенца на повик и одговор, идентификување и препознавање, поздравување, воведни прашања, поттикнување и воведување на поводот за повикот) и неговиот крај (секвенца за најава на крајот на разговорот, рекапитулација, конечен крај на разговорот), врз основа на постоечките теориски модели наорганизацијата на телефонските разговори. Анализата ги открива јазичните стратегии и средства што ги користат родените говорители при спонтан разговор, како и тоа во која
мера постои доследност или отстапување од установениот шаблон. Резултатите од анализата имаат емпириска основа, нудат опис на современиот разговорен македонски јазик и ги поставуваат темелите за понатамошни истражувања на телефонски разговори, како и на секојдневната употреба на јазикот. / Клучни зборови: телефонски разговори, македонски јазик, почеток на разговор, крај на разговор, конверзациска анализа, анализа на дискурс |
|---|