Opomba: | АПСТРАКТ: Дипломски труд се занимава со одразот на македонското општество и култура во песните на Блаже Конески (1921–1993), клучна фигура во развојот на македонскиот јазик и култура. За анализа се користени песните Тешкото, Татковина, Свети Никола, Велигденско јајце, Минаре и Сирма. Песната Тешкото е поврзана со македонската историја, бидејќи ја изразува националната гордост и истрајност на македонскиот народ низ историјата, особено во периодот на потиснување и бунт, како што е Илинденското востание и народноослободителната борба. Во песната Татковина авторот изразува длабока припадност и љубов кон татковината и поттикнува на зачувување на културното наследство. Македонија, обележана со верска и културна различност, живописно е претставена преку песните Свети Никола и Велигденско јајце, кои го нагласуваат значењето на верските прослави и семејното поврзување. Песната Минаре го симболизира и религиозното и културното наследство на Македонија и важноста од прифаќање на различни културни изрази во општеството. Песната Сирма, која е тесно поврзана со македонската народна литература, ја тематизира и моќта на жената и менувањето на традиционалните родови улоги во македонското општество, при што хероината Сирма ја симболизира храброста, решителноста и љубовта кон татковината. Анализата покажува дека врската меѓу избраните песни на Блаже Конески и македонската историја, традиција и култура е многу блиска, а во некои од нив препознаваме и универзални мотиви. Со своите дела, Конески придонесе за развојот на литературниот идентитет и осовременувањето на македонската поезија, комбинирајќи ја народната традиција со современите теми и субјективни опсервации. / КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: македонска литература, Македонски поети, македонска поезија, традиција, култура, историја, Блаже Конески |
---|